Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални e на интензивна нега откако се разболел за време на лет, по што било наредено итно слетување. Неговата портпаролка се сомнева дека можеби бил затруен. Критичарот на рускиот претседател Владимир Путин не се чувствувал добро на летот назад кон Москва од Томск, град во Сибир, според порпаролката Кира Јармиш.

– Се сомневаме дека Алексеј бил затруен со нешто ставено во неговиот чај. Само тоа го пиеше утринава. Докторите велат дека отровот бил побрзо апсорбиран во жешката течност. Алексеј е во бессознание – напиша Јармиш на Твитер.

Политичарот е во тешка состојба, јави руската државна новинска агенција Тасс, повикувајќи се на главниот лекар во болницата.

Минатата година, Навални беше префрлен во болница од затворот каде издржуваше казна, а неговиот тим се сомневаше дека станува збир за труење. Лекарите тогаш рекоа дека имал сериозен алергиски напад и го испратиле назад во затвор следниот ден.