Во областа Северна Суматра во пацификот

Сите држави-членки на Асоцијацијата на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН) и осум нивни партнери, вклучувајќи ја и Русија, ќе ги испратат своите специјални поморски сили за учество во претстојните морски воени вежби во декември крај Индонезија, соопштува кинеската национална информативна агенција „Синхуа“.
– Поморските вежби на Русија и АСЕАН ќе се одржат во областа Северна Суматра во територијалните води на Индонезија од 1 до 3 декември – изјави рускиот постојан пратеник во АСЕАН, Александар Иванов. Според неговите зборови, Русија во поморските вежби ќе биде претставена со големиот противподморнички воен брод „Адмирал Пантелеев“ и други бродови, а целта на вежбата ќе биде проверување на воената подготвеност на морнариците на земјите-учеснички на вежбата. АСЕАН е формирана на 8 август 1967 година во Багкок. Во неа учествуваат Индонезија, Малезија, Сингапур, Тајланд, Филипините, Брунеи, Виетнам, Лаос, Мјанмар и Камбоџа. Деновиве сојузот е актуелен во тамошната јавност откако американските сили го зголемија своето присуство на Пацификот.