Глобална солидарност за борба со пандемијата

Челниците на Европската Унија, кои беа домаќини на донаторска конференција за глобалната борба против ковид-19, соопштија дека собрале речиси седум милијарди долари за развој на вакцини, тестови и лекови за новиот коронавирус.
Претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лејен, беше домаќинка на самитот на кој викендов учествуваа светски лидери, а потоа следуваше и онлајн концерт со големи музички ѕвезди.

Од комисијата соопштија дека и пред настанот собрале 10 милијарди евра за истата цел.
На онлајн самитот учествуваа германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и други политичари и академици. На концертот, пак, настапија Шакира, Џастин Бибер, Ашер, Мајли Сајрус, „Колдплеј“ и други.