Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека постои можност лидерите на Европската Унија да не постигнат договор за стимулативен буџет за европските економии уништени како резултат на последиците од вирусот ковид-19.
– Има многу добра волја, но и многу ставови. Ќе ги направам сите напори, но постои можност да не се постигне резултат – рече Меркел.
Трет ден по ред, водачите на 27 земји-членки на ЕУ преговараат за новиот буџет на ЕУ.