Би-Би-Си во описот за убиениот руски новинар Аркадиј Бабченко, пишува дека, на својот Фејсбук профил новинарот ја опишува Русија како “агресор” и дека по падот на рускиот воен авион во 2016 година, тој постојано се соочувал со смртни закани, по што бил принуден да ја напушти земјата во која повеќе не се чувствувал безбедно.

Рускиот новинар Аркадиј Бабченко, кој беше убиен синоќа во Киев, беше жесток критичар на Кремљ. Асошиејтед Пресс пак пишува дека, неговите статии наидувале на осуда од голем број Руси.

АП вели дека Бабченко, кој е роден во 1977 година, во последните години бил голем критичар на политиката на Кремљ, а во една од неговите статиите тој пишува дека не жали за припадниците на рускиот воен лидер Александров и за другите официјални лица кои загинаа кога авионот Туполев Ту-154 се урна во Црното Море во декември 2016 година.

Некои подоцна побараа да му се одземе руското државјанство на Бабченко, откако новинарот во своите текстови ја критикувал одлуката Крим да се прикучи кон Русија, како и поддршката на Русија за проруските сили во Украина и руските акции во Сирија.

Индепендент смета дека токму неговото критичко известување за судирите во Украина и Сирија допринело за неговото убиство.

Русија ги повика украинските власти да вложат максимални напори за испитување на убиството на Бабченко, објави руското Министерство за надворешни работи.

Новинарот почина на пат кон болница како последица од прострелни рани, кога непознати напаѓачи синоќа три пати му пукале во грб додека тој одел по улица.