Светиот Престол и папата Франциск се подготвени да ја олеснат работата на украински договор и помогнат во медијацијата во рамките на Групата Минск, изјави за „ Ла Република“ кардинал Леонардо Сандри, префект на Конгрегацијата за ориентални цркви.

– Групата Минск посредува за решавање на украинскиот конфликт. Верувам дека можната поддршка на Светиот Престол може да се додаде во рамките на таа група – вели кардиналот.

Според него, секој придонес даден од папата, на начинот на кој тоа е направено за решавање на други конфликтни ситуации, може да послужи како општа порака во име на воспоставувањето мир.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно во интервју за „Ла Република“ рече дека Ватикан може да биде совршено место за дијалог со рускиот претседател Владимир Путин за мирот во Донбас. Сандри не е информиран за каква било средба таму.

Дипломатски извори на Ватикан изјавија за ТАСС дека папата Франциск го поддржува спроведувањето на Договорите од Минск.

Папапа повеќепати го спомена конфликтот во Источна Украина, повикувајќи ги завојуваните страни да се откажат од каква било понатамошна ескалација на насилствата. Во последните неколку недели тој изрази загриженост за ескалацијата на тензиите во регионот.

На иницијатива на поглаварот на Римокатоличката црква, во католичките цркви беше организиран добротворен настан за собирање средства за Украина во 2016 година. Во тоа време, беа собрани вкупно 16 милиони евра. Подоцна, овие средства беа префрлени за спроведување проекти за помош на населението во Донбас.