Министертвото за надворешни работи на Германија соопшти денеска дека зачувувањето на меѓународниот нуклеарен догoвор со Иран е приоритет за Германија и нешто за кое не може повторно да се разговара.

На 12 мај истекува рокот до кој САД треба да одлучат дали ќе ги обноват санкциите против Иран.

– Што се однесува до нас, позицијата останува јасна – највисок приоритет е зачувување на нуклеарниот договор и целосна примена од сите страни. За нуклеарниот договор преговараа седум држави и ЕУ и за него не може повторно да се преговара …но, исто така јасно е дека покрај тој договор, сакаме да обезбедиме нуклерната програма на Иран да служи за мирнодопски цели – изјави портпаролoт на Министерството.