Првата потпретседателка на Врховната рада на Украина, Ирина Герашченко најави дека Украина планира да го прекине Договорот за пријателство, соработка и партнерство со Русија.

Таа нагласи дека постои голема разлика помеѓу прекинување и непролонгирање на Договорот.

– Би сакала нашите драги политичари, посебно кога станува збор за идните претседателски канадидати… да ја знаат разликата, бидејќи тоа е нивна должност, ако ги изберат,  тоа е надворешна политика на Украина. Ние не зборуваме за каков бил прекин и ќе бараме од Руската Федерација во сите меѓународни судуви, во Хаг и другите судови, да одговара за прекршен договор, посочи Герашченко.

Таа наведе дека украинскиот претседател Петро Порошенко наредил Министерството за надворешни работи „да не ја подготвува документацијата за продолжување на договорот, кој автоматски стапува во сила“.

Таа повтори дека прекин и непродолжување не се синоними.

– Се работи само за непродолжување на договорот, посочи Герашченко.

Договорот за пријателство, соработка и партнерство помеѓу Русија и Украина наречен е „Голем договор“, потпишан од двајцата претседатели Леонид Кучма и Борис Јелцин на 31 мај 1997 година. Со договорот официјално се признаени меѓусебните граници и консолидирани се принципите на стратешко партнерство и почитување на територијалниот интегритет. По анексијата на Крим и почетокот на судири во Донбас во Украина се почести се барањата за раскинување на Договорот поради повреди на територијалниот интегритет на Украина.

Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин на 30 август изјави дека МНР подготвило пакет документи за отпочнување на раскинување на Договорот за пријателство, соработка и партнерство со Русија.

Односите помеѓу Русија и Украина повторно се тензични по загинувањето на самопрогласениот лидер на Доњецка Народна Република, Александар Захарченко во експлозија во ресторан во центарот на Доњецк.

Официјална Москва за убиството на 42-годишниот Захарченко го обвини Киев, додека Украинската служба за безбедност соопшти дека зад неговата елиминацијата најверојатно стојат „бунтовниците и нивните руски спонзори“.