Повеќе од 50.000 луѓе денеска се евакуирани од своите домови во централниот дел на Мјанмар откако пукна брана и водата го поплави градот Свар и селата во близина.
– Многу луѓе од кои некои и директно се погодени од поплавата, одлучија да ги напуштат своите домови, стравувајќи оти би можело да порасне нивото на водата – соопштија од Одделението за управување со природни катастрофи.
Околу 54.000 луѓе се евакуирани од вкупно 12.000 домаќинства.