Околу 1.000 припадници на венецуелските безбедносни сили дезертираа и пребегнаа во Колумбија од минатиот месец, оставајќи ги зад себе своите униформи и оружјето, соопштија денеска колумбиските власти.
Колумбиското Министерство за надворешни работи ги соопшти најновите податоци за бројот на венецуелските полицајци и војници, кои ја напуштиле Владата на претседателот Николас Мадуро и избегале во Колумбија.
Колумбиските власти информираа дека сите дезертери добиле сместување, потребна здравствена заштита и правна заштита по пристигнувањето во Колумбија.
Колумбија, САД и околу 50 други земји го признаа лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.