ПЛИВАЊЕ – ЕП ВО РИМ

Романскиот пливач Давид Поповичи собори светски рекорд стар 13 години, во трката на 100 метри слободно, на Европското првенство (ЕП) што се одржува во Рим (Италија).
Тој ја исплива патеката од 100 метри во финалната трка за 46,86 секунди, со што со 17 години стана и најмладиот пливач кому му успеало да собори светски рекорд. Досегашниот рекорд бил во сопственост на Бразилецот Сезар Сиело. И двајцата го поставиле рекордот на исто место, на олимпискиот комплекс во Рим, Романецот на ЕП, а Бразилецот на СП. Г.И.