Македонија настапи со 11 шахисти, од кои шест момчиња и пет девојчиња, освојувајќи вкупно 39,5 поени од 99 можни или 39,8 отсто
ШАХ
Илијана Велева (1.072 рејтинг-поени, рангирана 29-та пред турнирот) во категоријата до 10 години е најуспешна македонска претставничка, на 24-то место на Европското првенство (ЕП) за млади категории (до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 години), во Мамаја, Романија, а кај момчињата Антон Златков (2.207, рангиран 29-ти) во категоријата до 16 години го потврди почетното рангирање, односно 29-то место, што претставуваат одлични пласмани.
Двајцата освоија по пет поени, Велева впиша четири победи, две ремија и три порази и освои нови 90 рејтинг-поени, а Златков имаше три победи, четири ремија и два пораза и нови 13,2 рејтинг-поени. Македонија на ова ЕП настапи со 11 шахисти, од кои шест момчиња и пет девојчиња, освојувајќи вкупно 39,5 поени од 99 можни или 39,8 отсто. На ЕП играа 928 учесници од кои 556 момчиња и 372 девојчиња (13 ИМ, 61 ФМ, 21 ЖФМ), од 46 држави. Г.И.
МАКЕДОНСКИТЕ ШАХИСТИ НА ЕП 2023
КАТ. РАНГ ШАХИСТ БОД. МЕСТО
8 г. (59) Абдурахман 4 58
12 г. (76) Стефаноски 4 68
14 г. (62) Николовски 4 66
16 г. (29) Златков 5 29
18 г. (55) Петрески 3,5 66
18 г. (77) Табаковски 3,5 71
—————————————————————————-—————————
8 г. (49) Велкова 1,5 52
10 г. (49) Велева 5 24
12 г. (71) Котушеска 2 73
14 г. (67) Огњановска 3 62
16 г. (21) Жежовска 4 34