КИКБОКС – СП ЗА КАДЕТИ И ЗА ЈУНИОРИ

Македонскиот јуниорски репрезентативец Нелсон Узеир (категорија до 89 кг) го освои сребрениот медал на Светското кикбокс-првенство (СП) за кадети и за јуниори, кое се одржа во Италија. Тој во финалната борба во дисциплината киклајт загуби од Самед Агдеве од Турција. До бронзата, Узеир стигна откако претходно ги победи Унгарецот Винце Торок и Италијанецот Франческо Криваро. На ова СП, бронзен медал освои македонската јуниорска репрезентативка Јадранка Темелковска (до 56 кг) во дисциплината лоукик. Г.И.