Три одликувани проблеми на Гавриловски

На конгресот беше промовиран печатениот ФИДЕ-албум за периодот 2016-2018 година, во кој Гавриловски е 10-ти на листата на најзастапени автори, со вкупно 30 проблеми

СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА ШАХОВСКИ КОМПОЗИЦИИ 2022

Истакнатиот македонски велемајстор (ВМ) за шаховски композиции Зоран Гавриловски освои три почесни признанија на дописните турнири во компонирање (две на израелскиот турнир „Сабра“ и едно на турнирот „Украински народни ракотворби“), кои беа организирани во рамките на 64. Светски конгрес на шаховска композиција (СКШК), кој се одржа во Фуџаирах (ОАЕ), од 12 до 19 ноември годинава.
На СКШК беа доделени награди и за претходните светски купови (СК) на ФИДЕ во составување шаховски композиции, на кои Гавриловски освои две бронзи (2020) и едно сребро (2021), потоа на поединечното СП (2019-2021) Гавриловски беше втор во групата самоматови, а на претходното поединечно СП и на екипното СП (2021-2022) Гавриловски третпат во низа беше прогласен за МВП. На конгресот беше промовиран печатениот ФИДЕ-албум за периодот 2016-2018 година, во кој Гавриловски е 10-ти на листата на најзастапени автори, со вкупно 30 проблеми.
Во рамките на конгресот се одржа и 45. СП во решавање шаховски композиции, на кое победи Полска, пред Србија и Германија, а најдобар решавач беше младиот руски ВМ Данила Павлов (19). Судија на СП беше мајсторот Иван Денковски, единствен учесник од Македонија на овој конгрес во ОАЕ. Г.И.