АЛПСКО СКИЈАЊЕ – ФИС

По темелна консултација со спортистите, нивните тимови и другите засегнати страни вклучени во настанот, Интернационалната скијачка федерација (ФИС) и скијачките федерации на Швајцарија и на Италија се договорија да не го вклучуваат Цермат/Червинија во нацрт-календарот за Светскиот куп во алпско скијање за сезоната 2024/2025, пишува ФИС.
Првите прекугранични трки во Светскиот куп во алпско скијање беа дел од календарот за мажи и за жени во сезоните 2022/2023 и 2023/2024, но не можеа да испишат историја поради неповолните временски услови во двете години.
Трите федерации ќе ги искористат следните неколку месеци за да најдат можни начини и решенија за идните трки од Светскиот куп во Цермат и Червинија, а локалниот организациски комитет ќе ги анализира овие предлози конструктивно, пишува ФИС. Н.М.