Останува околу една година до церемонијата на отворање на ЛОИ 2024, а ИОК донесе некои податоци што ги споредуваат претстојните Игри со оние што се одржаа во 1924 година

ЕДНА ГОДИНА ДО ПОЧЕТОКОТ НА ЛОИ 2024

Во 2024 година, Париз третпат ќе биде домаќин на летни олимписки игри. Првиот беше во 1900 година, а потоа пред речиси еден век, во 1924 година. Оттогаш, светот драматично се промени. Технологијата напредна, рекордите се соборени и се крунисаа нови шампиони, пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) на својата интернет-страница.
Во просторот од 100 години, некои спортови престанаа да бидат дел од олимписката програма, додека други беа инкорпорирани во Игрите. Во денешно време, капацитетите на Игрите се приспособени за да им овозможат на спортистите да ги максимизираат своите перформанси притоа обезбедувајќи го најдоброто можно искуство за гледачите.
Многу е променето ЛОИ 1924 до ЛОИ 2024. Па што има ново, што остана од 1924 година и какви разлики можеме да видиме помеѓу сега и тогаш? Останува околу една година до церемонијата на отворање во ЛОИ 2024, а ИОК донесе факти и бројки, кои ги споредуваат претстојните Игри со оние што се одржаа во 1924 година.
Игрите во 1924 година траеја нешто помалку од три месеци, од 4 мај до 27 јули, со 17 спорта и 126 натпревари за медали. ЛОИ 2024 ќе трае од 26 јули до 11 август со речиси двојно поголем број спортови, 32, и 329 натпревари за медали.
Првиот женски натпревар во мечување на олимписката програма беше воведен во 1924 година. Игрите беа, исто така, првите во кои имаше демонстративни спортови, а ЛОИ 1924 беа последен пат кога тенисот се најде на олимписката програма пред не се врати за Игрите во 1988 година. Во Париз в година на Игрите ќе дебитира брејкинг.
Во Париз во 1924 година имаше 3.089 спортисти (135 жени и 2.954 мажи), од кои многумина беа сместени во првото Олимписко село. В година се очекува да се натпреваруваат 10.500 натпреварувачи, со жени и мажи во еднаков број.
Имаше 44 национални олимписки комитети (НОК) претставени во Париз на ЛОИ 1924. Еквадор, Р Ирска, Литванија, Филипини и Уругвај првпат испратија делегации. Летонија и Полска, исто така, дебитираа на ЛОИ, но неколку месеци претходно испратија спортисти на Зимските олимписки игри во Шамони. Во 2024 година, покрај Олимпискиот тим за бегалци ќе учествуваат повеќе од 200 земји.
Во изданието на Игрите во Париз во 1924 година, Пааво Нурми (Финска) постави олимписки рекорди во атлетика на 1.500 метри (3:53,6 минути) и на 5.000 метри (14:31,2 минути). Двата настана се случија на помалку од еден час еден од друг. Моментните најдобри времиња на овие патеки на ЛОИ се 3:28.32 минути, од Јакоб Ингебригтсен (Норвешка) во Токио во 2021 година, односно 12:57,82 минути, од Кениса Бекеле (Етиопија) во Пекинг во 2008 година. Уште еден Финец, Вил Ритола, го собори светскиот рекорд на 10.000 метри, со време од 30:23,2 минути, а денеска рекордот е 26:11.00 минути, поставен од Џошуа Чептегеи (Уганда) во 2020 година. Итн.

Едно објект од Париз во 1924 година ќе се користи во 2024 година. Стадионот во Коломбе беше домаќин на церемонијата на отворање и на затворање на ЛОИ пред речиси еден век, како и некои од натпреварите во рагби и од фудбалскиот турнир. Во 2024 година стадионот ќе биде домаќин на турнирот во хокеј, а рагби и фудбал ќе се играат на други објекти.
Во 1924 година, натпревари во едрење се одвиваа во Нормандија, а и на бреговите на реката Сена. Во 2024 година едрење ќе се одржи во Марсеј на брегот на Средоземно Море. Во 2024 година сурфањето вторпат ќе се појави на Игрите, а натпреварувањето ќе се одржи надвор од Европа. Брановите во Тахити (Француска Полинезија) ќе ги пречекаат најдобрите сурфери во светот во потрага по олимписки медали.
Најголемите имиња во Париз 1924 година беа „летачките Финци“ Пааво Нурми и Вил Ритола. Нурми уште е единствениот спортист што освоил пет атлетски златни медали на едни ЛОИ, а само Ритола има освоено шест атлетски медали во едно издание. Американката Етел Лаки освои два златни медали во пливање, а две тенисерки од САД испишаа историја во Париз во 1924 година, Хелен Вилс беше на врвот на подиумот во сингл и во двојки заедно со Хејзел Вајтман, која, пак, освои злато во мешани двојки. Други ѕвезди на тие игри беа Роџер Дукре (ФРА), со пет медали во мечување; и Џони Вајсмилер (САД), со три злата во пливање и бронза во ватерполо. На ЛОИ 2024 има неколку имиња што ќе имаат цел да испишат историја. Еден од нив е и Швеѓанецот Мондо Дуплантис, кој покрај тоа што е светски и олимписки шампион е и светски рекордер во скок со стап… Н.М.