Од 14 до 17 јуни на С.Ц „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче осум екипи на момчиња родени 2004-та година и помлади, од три држави, поделени во две групи, ќе се натпреваруваат на премиерното издание на меморијалниот турнир во чест на прерано починатиот млад ракометар

Помина една година откако младиот ракометар и член на македонскиот национален тим, Марко Божиновски, тивко си замина, но веста за неговото заминување одекна далеку и гласно. Во негова чест и аманет, а имајќи предвид дека ракометот беше негов живот, љубов и животна определба, неговото семејство ја отвори фондацијата „Марко Божиновски“ со визија вечно да живеат неговиот лик и дело, да служи за поддршка на младите кои поседуваат талент, но немаат можност да инвестираат во себе, но за и всадување на спортски дух кај новите генерации, дух кој Марче го носеше во себе.

Водејќи се од визијата на фондацијата, во сегментот на организација на спортски активности и настани за деца и млади, во периодот од 14 до 17 јуни, фондацијата „Марко Божиновски“ со особена чест и задоволство го најавува премиерното издание на меморијалниот ракометен турнир „Марко Божиновски“, за ракометари до 18 години на кој ќе учествуваат осум младински екипи, од три држави – Хрватска, Србија и Македонија.

Натпреварите ќе се играат по принцип два пати по 30 минути во две групи, со систем на натпреварување секој со секого во својата група. Првопласираните екипи од групите ќе играат натпревар за прво место, второпласираните за трето итн. Во случај на ист број на поени ќе се применат пропозициите на РФМ. Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на Јутуб.

Натпреварите од турнирот ќе се одиграат во спортскиот центар „Ново Лисиче“, во Општина Аеродром, кој од минатиот октомври е преименуван во С.Ц „Марко Божиновски“.

ГРУПИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

Група А
Војводина
Пролет
Вардар
Бутел

Група Б
Нексе
Алкалоид
Голден Арт
Еурофарм Пелистер

Распоред на натпревари

14 јуни
Вардар – Бутел 17 ч.
Голден Арт – Пелистер Еурофарм 19 ч.

15 јуни
Војводина – Бутел 9.30 ч.
Пролет – Вардар 11 ч.
Официјално отворање 16.45 ч.
Нексе – Еурофарм Пелистер 17.30 ч.
Алкалоид – Голден Арт 19 ч.

16 јуни
Нексе – Голден Арт 9.30 ч.
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 11 ч.
Војводина – Вардар 17.30 ч.
Пролет – Бутел 19 ч.

17 јуни
Војводина – Нексе 9 ч.
Нексе – Алкалоид 10.30 ч.
Финални натпревари
За 7-мо место (А4 – Б4) 13 ч.
За 5-мо место (А3 – Б3) 14.30 ч.
За 3-то место (А2 – Б2) 16 ч.
Натпревар за прво место (А1 – Б1) 18 ч.

Церемонија на доделување на пехари, медали и избор на најдобар голман, стрелец и играч на турниот, проследени со мала забава со ди-џеј на теренот на СЦ „Марко Божиновски“ од 20.30 часот.