Македонската ракометна машка репрезентација во првата фаза од Светското првенство ќе игра во групата Д со Холандија, Унгарија и дебитантот Гвинеја. Според вечерашната жрепка во Загреб, македонските ракометари почетните натпревари ќе ги играат во Вараждин, каде ги одиграа натпреварите од главната фаза на Мундијалот на кој Хрватска беше домаќин во 2018 година.
Светското ракометно првенство за мажи, 29 по ред, ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари идната година во Хрватска (Вараждин, Пореч, Загреб), Данска (Хернинг) и Норвешка (Осло).
СП 2025 ќе биде прво историјата кое заеднички ќе го организираат три држави. Данска ќе биде домаќин по трет пат, Хрватска по втор пат, а Норвешка прв пат ќе биде во улога на домаќин на машкиот ракометен Мундијал.