Со оглед на тоа дека Полска е еден од кодомаќините на ова ЕП, таа веќе има обезбедено директен пласман, па место во завршниот дел од оваа група Х ќе има за двете најдобри селекции
КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ПЛАСМАН НА ЕП 2025
Македонската машка сениорска репрезентација е дел од групата Х, заедно со Литванија (по три златни и сребрени медали и едно сребро од ЕП), Естонија (нема медал) и Полска (едно сребро и три бронзи), во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2025 година. Ова е епилогот од вчерашната ждрепка, која се одржа во Минхен, Германија, што претставува квалитетна група за избраниците на селекторот Александар Јончевски на патот да бидат дел од ЕП во Летонија, Кипар, Финска и Полска. Во претходниот циклус на квалификации, Македонија не успеа да се пласира, а главен виновник беше Естонија, која во Скопје победи со девет разлика, а на реваншот во балонот во Перм, кој се играше турнирски, загуби со два поена. Црвено-жолтите најдобриот пласман го остварија во Литванија во 2011 година, кога го освоија извонредното четврто место.
Трите најдобропласирани селекции од секоја група, освен групите во кои влегуваат кодомаќините на ова ЕП, ќе се квалификуваат за финалната рунда. Со оглед на тоа дека Полска е еден од домаќините на ова ЕП, таа веќе има обезбедено директен пласман, па место во завршниот дел од оваа група ќе има за двете најдобри селекции.
Лимасол ќе биде град-домаќин на групата што ќе се игра во Кипар, во Летонија тоа ќе биде Рига, во Полска ќе се игра во Катовице, а во Финска ќе се игра во градот Тампере. Натпреварите ќе се одвиваат во три т.н. прозорци (помеѓу 19 и 27 февруари 2024, 18 и 26 ноември 2024 и 17 и 25 февруари 2025), со по два меча одиграни од секоја репрезентација во секој прозорец. Г.И.
Квалификации за ЕП 2025
ГРУПА А: Словенија, Украина, Израел, Португалија
ГРУПА Б: Италија, Турција, Унгарија, Исланд
ГРУПА Ц: Шпанија, Летонија, Белгија, Словачка
ГРУПА Д: Германија, Црна Гора, Бугарија, Шведска
ГРУПА Е: Франција, Хрватска, Кипар, БиХ
ГРУПА Ф: Грција, Чешка, Холандија, Велика Британија
ГРУПА Г: Србија, Финска, Грузија, Данска
ГРУПА Х: Литванија, Полска, Естонија, Македонија