Јокиќ 26 пати оствари трипл-дабл во една година во најсилната кошаркарска лига и во сите 26 меча Денвер победи, што се нема случено досега

КОШАРКА – НБА

Никола Јокиќ постави нов рекорд во кошаркарската НБА-лига, откако почнувајќи од минатиот февруари забележал 26 пати трипл-дабл во една година во најсилната кошаркарска лига и во сите 26 пати неговиот клуб Денвер победил, што се нема случено досега.
До оваа сезона, рекордот беше во сопственост на Меџик Џонсон, кој во првенствата од 1984 до 1987 година во низа имал 24 натпревари со двоцифрен ефект во три статистички категории. Тој рекорд опстојуваше повеќе од 35 години, додека Лос Анџелес лејкерс забележуваа победи на сите тие мечеви во НБА-лигата.
Најблиску до соборување на рекордот на Џонсон беше Дрејмонд Грин, кој од јануари 2015 до октомври 2019 година, 23 пати оствари трипл-дабл ефекти во триумфите на неговиот клуб Голден стејт во НБА. Легендарниот центар Вилт Чембрлен сега е четврти, со 21 трипл-дабл ефект, а петти е Расел Вестбрук со 20. Г.И.


ПОБЕДНИЧКИ СЕРИИ СО ТРИПЛ-ДАБЛ

Никола Јокиќ 26 2021-2022
Меџик Џонсон 24 1984-1987
Дрејмонд Грин 23 2015-2019
Вилт Чембрлен 22 1967-1968
Расел Вестбрук 20 2015-2019