Фото: ЕПА

НБА

Кошаркарите на Индијана го совладаа Вашингтон со 162-109 и на тој начин поставија рекорд во франшизата по бројот на постигнати поени на еден натпревар. Девет играчи на Индијана постигнаа двоцифрени поени, а водечки беа Тајрис Халибартон со 29, Мајлс Тарнер со 17 и Џерес Вокер со 16 поени. Индијана можеше да победи и поубедливо, но не успеаја да ги искористат нападите на нешто повеќе од минута до крајот, поради што беа исвиркани од навивачите. Тоа се најмногу постигнати поени од еден тим во натпревар без продолженија во НБА-лигата, откако Денвер го победи Сиетл со 168-116 на 16 март 2008 година. Претходниот рекорд во регуларно време на франшизата изнесуваше 157 поени. Индијана исто така постави рекорд на франшизата за тројки (27), а имаше 48 асистенции и 59 постигнати коша од игра.
– Очигледно е забавно да се гледа кога го тренирате тимот како ги изведува сите удари. Но имаше дух на несебичност што е навистина карактеристично за Индијана – рече тренерот на Индијана, Рик Карлајл, пишува НБА.
Најефикасен во поразениот тим, кој прими 45 поени во првата четвртина, беше Алекс Сар со 22 коша и седум скока. Џордан Пул додаде 18 поени. Моментно во Источната конференција, Индијана е на четвртото место со 43 победи и 30 порази, додека Вашингтон е последен 15-ти, со 16 победи и 57 порази. Г.И.