Бостон, кој плејофот го заврши со 16 победи и само три порази, а целата сезона со 80 победи и 21 пораз, во финалето го победи Далас, со 4-1 во победи
КОШАРКА – НБА
Кошаркарите на Бостон го победија Далас со 106-88 во петтиот меч од финалната серија во НБА-лигата и со вкупно 4-1 во победи ја освоија рекордната 18-та титула во НБА, прва од 2008 година. Втор на оваа трофејна листа е Лос Анџелес лејкерс, со 17 шампионски прстени. Бостон во плејофот имаше 16 победи и само три пораза, а целата сезона 80 победи и 21 пораз. Тимот е рангиран на второто место во историјата на клубот зад шампионскиот состав од 1985/1986, кој ја заврши таа сезона со 82 победи и 18 порази.
Најефикасен кај шампионот во петтиот меч беше Џејсон Тејтум, кој уфрли 31 поен, а имаше 11 асистенции и осум скока. Џејлен Браун додаде 21, а Џру Холидеј 15 коша и 11 скока. За најкорисен (МВП) играч на финалната серија беше прогласен кошаркарот на славеничкиот тим Џејлен Браун.
– Одигравме добро на двата краја на паркетот, без ниту еден погрешен чекор во овој натпревар. Научивме од грешките, од неволјите, кои нѐ направија уште посилни. Ги направивме сите потребни жртви до новиот успех, а тоа го сторивме заедно, како тим – изјави Браун. Кај Далас, Словенецот Лука Дончиќ беше најдобар со 28 поени и 12 скока, а Кајри Ирвинг постигна 15 коша. Г.И.
НАЈМНОГУ ТИТУЛИ ВО НБА
Бостон 18
ЛА лејкерс 17
Голден стејт 7
Чикаго 6
Сан Антонио 5