ФУДБАЛ

Екипата на Струга ТЛ е нов шампион во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен во рамките на 31-то коло го победи Силекс со 3-0, а во прилог ѝ одеше и поразот на Шкендија од Шкупи 1-2, па, така, на две кола пред крајот на првенството ја обезбеди шампионската титула.
Осум години по формирањето, Струга ТЛ дојде до својата историска шампионска титула и со тоа стана десеттиот македонски фудбалски првак. Историската прва шампионска титула, екипата на Струга ТЛ ќе може да ја обедини со трофејот од Купот на Македонија, бидејќи на 20 мај ја очекува финале со Македонија ЃП.
Табела: Струга 62 бода, Шкупи 55, Шкендија 54, Силекс 44, Македонија ЃП 39, Брегалница 37, Работнички 37, Тиквеш 34, Академија Пандев 26, Скопје 22, Победа 13. Г.И.