Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

Новиот европски шампион Манчестер сити со триумфот во годинашната Лига на шампионите, покрај учеството во мечот за Суперкупот на Европската фудбалска унија (УЕФА) со Севилја, обезбеди и пласман на две клупски светски првенства (СП), годинава и тоа во 2025 година.

Поради трансформацијата на клупското СП, кое уште годинава ќе се игра со учество на седум екипи (досега се играше секоја година), а новиот формат ќе почне во 2025 година (ќе се игра секои четири години), од Европа минатите два континентални првака, +Челси и Реал Мадрид, како и годинашниот, Манчестер сити, но и европскиот првак во идната сезона, обезбедуваат учество на првото проширено клупско СП, на кое ќе играат 32 тима од целиот свет.

Челси и Реал Мадрид настапија и на годишните клупски мундијали (ги освоија светските титули за 2021, односно за 2022 година), Манчестер сити ќе игра годинава, а европскиот првак од идната сезона ќе настапи само на проширеното клупско СП, во 2025 година. Според најавите, клупски мундијал нема да се игра во 2024 година.
Според правилата на реформираното клупско СП, тоа ќе се игра секои четири години, во годините пред светските првенства за репрезентации, а од Европа сигурен пласман ќе имаат европските прваци во годините што му претходат на клупскиот Мундијал, но и уште осум други тимови, според резултатите во тие четири години.