И двајцата имаат дадено по 186 гола, со тоа што Џерард не е повеќе активен играч
ФУДБАЛ – ПРЕМИЕР-ЛИГА
Во новата сезона на англиската Премиер-лига, египетскиот фудбалер Мохамед Салах (31) се изедначи на вечната листа на стрелците на Ливерпул со поранешната клупска легенда Стивен Џерард, кој играше за „црвените“ од 1998 до 2015 година. И двајцата имаат постигнато по 186 гола, со тоа што Џерард не е повеќе активен играч.
Во првото коло против Челзи на „Стемфорд бриџ“ беше нерешено 1-1, Салах не постигна гол, а кога потоа ја затресе мрежата на Бурнмаут на својот стадион „Енфилд“ во второто првенствено коло се проби на петтото место во историјата на англискиот клупски великан.
Во 36-та минута капитенот на гостите, Бразилецот Нето, му го одбрани првиот удар од 11 метри на Салах, но Египѓанецот имаше среќа, па обиената топка дојде до него, а тој потоа лесно ја смести во левиот горен агол.
Најдобар стрелец на „црвените“ на сите времиња е Велшанецот Јан Раш со 346 гола, кој играше со едногодишно отсуство, од 1981 до 1996 година. Следуваат Англичаните Роџер Хант со 285 (1958-1969) и Гордон Хоџсон со 241 (1925-1936) и Шкотланѓанецот Били Лидел со 228 погодоци (1938-1961). Г.И.