Фото: принтскрин

Најмалку 12 лица загинаа, а десетици други се повредени во стампедо на фудбалски натпревар во Ел Салвадор, пренесоа светските медиуми.

Националната цивилна полиција во првичниот извештај соопштила дека девет загинати биле потврдени на натпреварот меѓу Алијанца и ФАС на стадионот Кускатлан во главниот град Сан Салвадор, но бројот на загинати подоцна се искачил на 12.

– Повеќе од 100 се пренесени во болници, од кои најмалку двајца во критична состојба, а со полесни повреди имаше повеќе од 500 луѓе – изјави Карлос Фуентес, портпарол на групата за прва помош Спасувачки командоси.

Натпреварот бил прекинат околу 16 минути кога навивачите со мавтање почнале да ги носат повредените низ тунелот до теренот.

Трагедијата се случила откако фановите на Алинаса се обиделе преку два влеза да дојдат на трибините на стадионот.

Првичните информации се дека голем дел од навивачите имале лажни билети со кои сакале да влезат на трибините, а тоа придонело да се создаде стампедо и да се случи голема трагедија.

Локалната телевизија пренесуваше во живо слики од последиците од стампедото на навивачите на Алијанца.