Би сакал да го соборам што е можно поскоро, би сакал да постигнам што повеќе голови во следните натпревари пред Светското првенство. Но јас сум некој што не дозволува тие работи да влијаат на мене кога сум на теренот, имам работа, не за голгетерските рекорди, туку за репрезентацијата да освојува бодови и да победува на натпреварите. Се разбира, мислам дека тоа би било неверојатно достигнување. Всушност, постигнав гол кога Вејн самиот го собори рекордот. Видов колку значеше тоа за него и за неговото семејство, вели Кејн
ФУДБАЛ
Хари Кејн е решен да го собори рекордот на Вејн Руни во Англија пред настапот на фудбалското Светско првенство во Катар годинава, но напаѓачот на англискиот премиерлигаш Тотенхем рече дека перформансите на репрезентацијата секогаш ќе имаат предност пред неговата трка по лични рекорди, објави „Ројтерс“.
На 28-годишниот фудбалер му требаат уште пет гола за да го надмине рекордот на Руни од 53 погодока, со уште по еден натпревар во Лигата на нациите против репрезентациите на Унгарија, Германија и на Италија овој месец, кои му ја нудат можност да ја постигне таа цел.
Англија повторно треба да игра со репрезентациите на Италија и на Германија во септември, во мечевите со кои ќе се заокружи групната фаза на третата сезона на Лигата на нациите.
– Би сакал да го соборам што е можно поскоро, би сакал да постигнам што повеќе голови во следните натпревари пред Светското првенство. Но јас сум некој што не дозволува тие работи да влијаат на мене кога сум на теренот, имам работа, не се работи за голгетерските рекорди, туку за репрезентацијата да освојува бодови и да победува на натпреварите – им изјави Кејн на новинарите пред саботниот натпревар со Унгарија, во Будимпешта, во Лигата на нациите.
Кејн, кој беше на теренот против Швајцарија во 2015 година, кога Руни го собори претходниот рекорд од 49 гола поставени од Боби Чарлтон, додаде дека значењето на постигнувањето не е изгубено за него.
– Се разбира, мислам дека тоа би било неверојатно достигнување. Имав доволно среќа да играм на теренот и, всушност, постигнав гол кога Вејн самиот го собори рекордот. Видов колку значеше тоа за него и за неговото семејство. Во таа фаза навистина не размислував толку далеку напред – вели Кејн.
Англија утре игра со Германија, во Минхен.