ФУДБАЛ – АНГЛИЈА

Ливерпул постигна драматичен гол за победа во судиското продолжение на мечот со Нотингем Форест на гости во саботата, Манчестер сити потоа го победи градскиот ривал Манчестер јунајтед во дербито во неделата и се врати на еден бод зад Ливерпул. А третопласираниот Арсенал, пак, синоќа гостуваше кај Шефилд јунајтед, со што продолжи најтесната трка за титулата во англиската фудбалска Премиер-лига во претходните неколку години. По 27 меча, Ливерпул води со 63 бода и гол-разлика плус 39, а потоа следуваат Манчестер сити со 62 бода и гол-разлика од плус 25, Арсенал со 58 бода (и еден меч помалку) и гол-разлика од плус 39, пишува „Би-би-си“.
Во Премиер-лигата треба да се одиграат 38 кола. Ливерпул и Манчестер сити играат меѓу себе на стадионот „Енфилд“ в недела, а во другите преостанати средби сезонава, на пример, Ливерпул ќе игра дома со Брајтон, Тотенхем…, ќе гостува кај Манчестер јунајтед, Астон вила, Вест хем…, Манчестер сити ќе ги пречека Арсенал, Астон вила, Вест хем…, ќе игра на гости кај Тотенхем, Вест хем…, а Арсенал дома ќе се сретне со Астон вила, Челси, Евертон…, ќе гостува кај Тотенхем, Манчестер јунајтед… Н.М.