Фото: Твитер/Лига Европа

Со жрепка попладнево во Истанбул е одреден составот на групите во второто по ранг келупско натпреварување во организација на УЕФА, Лига Европа. Во групата Б ќе има македонска пресметка помеѓу Езѓан Алиоски од Фенербахче и Иван Тричковски од АЕК Ларнака, додека Енис Барди со Трабзонспор ќе игра во групата Х, во која се и Црвена звезда, Монако и Ференцварош.

Трабзонспор на Енис Барди ќе дебитира во групната фаза на Лига Европа во група со Црвена Звезда, Монако и Ференцварош.

Лига Европа

Група А – Арсенал, ПСВ, Бодо/Глимт, Цирих
Група Б – Динамо Киев, Фенербахче, Рен, АЕК Ларнака
Група Ц – Рома, Лудогорец, Бетис, ХЈК Хелсинки
Група Д – Брага, Малме, Унион Берлин, Унион Сент Жилоа
Група Е: Манчестер јунајтед, Сосиедад, Шериф, Омонија
Група Ф: Лацио, Феенорд, Митјиланд, Штурм
Група Г: Олимпијакос, Карабах, Фрајбург, Нант
Група Х: Црвена звезда, Монако, Ференцварош, Трабзонспор.

Натпреварите од воведното коло се на програмата на 8 септември.

Финалето ќе се игра на 31 мај идната година на „Пушкаш арена“ во Будимпешта.

УЕФА со ждрепка ги одреди и групите за Лигата на конференции.  Белградски Партизан како носител, за противници ги доби Келн, Ница и Словачко во групата Д, додека Балкани ќе игра против Славија Прага, Клуж и Сиваспор во групата Г.

Лига на конференции

Група А: Башакшехир, Фиорентина, Хартс, РФС
Група Б: Вест Хем, ФЦСБ, Андерлехт, Силкелборг
Група Ц: Вилјареал, Хапоел Бер Шева, Австрија Виена, Лех Познан
Група Д: Партизан, Келн, Ница, Словачко
Група Е: АЗ Алкмар, Аполон, Вадуц, Днипро
Група Ф: Гент, Молде, Шамрок, Џургарден
Група Г: Славија Прага, Клуж, Сиваспор, Балкани
Група Х: Базел, Слован, Жалгирис, Пјуник.