Англија ја совлада Хрватска со 1-0 на стадионот „Вембли“ пред 18.500 гледачи во меч од 1-то коло на фудбалското Европско првенство (ЕП), со што ѝ се реваншира за поразот во полуфиналето на Светското првенство (СП) во 2018 година во Русија. Стрелец на голот беше Рахим Стерлинг, за првата победа на Англија на 10-те премиерни натпревари на ЕП (пет ремија и четири порази).

Во аналите на ЕП се запиша и Џуд Белингам (17 години и 349 дена), кој стана најмладиот фудбалер што настапил на натпревар на ЕП и е најмладиот англиски играч што бил дел од поголем турнир (ЕП или СП). Во таборот на Хрватска, Јошко Гвардиол стана првиот тинејџер (19 години и 141 ден) што настапил за Хрватска на натпревар на ЕП или на СП.