Манчестер јунајтед, кој заврши на втората позиција, заработил 171,2 милион евра, односно 375.480 евра повеќе од градскиот ривал Манчестер сити
Во неодамна завршената 2017/2018 сезона, Манчестер јунајтед заработил повеќе пари од шампионот во Премиер-лигата, Манчестер сити, кој, пак, имаше фантастична првенствена кампања во која освои рекордни 100 бода.
Манчестер јунајтед, кој заврши на втората позиција, заработил 171,2 милион евра, односно 375.480 евра повеќе од градскиот ривал Манчестер сити. Јунајтед бил платен повеќе бидејќи имал два меча повеќе што биле пренесувани во живо во Велика Британија – што значеше и 2,6 милиони евра повеќе.
Вкупно 20-те премиерлигашки клуба минатата сезона заработиле 2,77 милијарди евра, 2,4 милиони повеќе од сезоната 2016/2017.
Манчестер јунајтед предводен од менаџерот Жозе Мурињо бил 28 пати во живо на британската телевизија, исто колку Ливерпул и Арсенал, додека Манчестер сити бил 26 пати.
Парите што ќе ги добијат клубовите се од приходите во Велика Британија, од кои 50 отсто еднакво се делат помеѓу клубовите, 25 отсто според бројот на телевизиските натпревари во живо во Велика Британија, а последните 25 отсто се распределуваат врз основа на освоеното место.
За триумф во Премиер-лигата, Манчестер сити добил 44,2 милиони евра, 2,2 милиони евра повеќе од второпласираниот Манчестер јунајтед.