Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека е задоволен од играта, откако неговиот тим обезбеди место во финалето на ФА Купот со победата над Тотенхем на „Вембли“ со 2:1.
– Ја заслуживме победата, бевме подобар тим. Многу добро бевме организирани, ја контролиравме играта, иако тие имаа поголем посед на топката – нагласи Мурињо, откако вчера Јунајтед го совлада Тотенхем со 2:1 во полуфиналето на ФА Купот.
Тој се пожали дека има многу критики во јавноста на нивна сметка.
– Играме трето финале во последните четири години и тоа е големо постигнување за клуб кој во последните неколку години е далеку од врвот. Мислам дека премногу нè критикувате – нагласи тренерот на Јунајтед.
Финалето од ФА Купот ќе се игра на 19 мај на „Вембли“, а противник на Манчестер јунајтед ќе биде подобриот од натпреварот меѓу Челзи и Саутемптон.