Бордер коли: Ова е најпаметното куче на светот и никој не може да му парира. Не е погоден за градски живот. Не ја сака осаменоста и, како и многу интелигентни раси, на ова куче му треба работа. Тие можат да запомнат неверојатен број различни команди, што ги одделува од другите раси на кучиња.

Пудлица: Ова префинето куче никогаш не престанува да импресионира, а неговата интелигенција е навистина неверојатна. Пудлицата може да научи голем број команди и лесно се тренира. Тие се одлични кучиња за во стан и сакаат друштво.

Германски овчар: Ако сакате храбро, послушно и пред сѐ интелигентно куче, тогаш германскиот овчар е совршен за вас. Ова куче неодоливо личи на својот предок волк и е неверојатно убаво. Тоа е одличен чувар и е многу територијален. Многу е лесно да се тренира и има способност да научи голем број команди. Како овчарско куче, тој е заштитнички настроен кон своето семејство.

Златен ретривер: Тој е лојален, трпелив и одличен со деца. Исто така е одличен ловец и трагач. А за тоа колку се интелигентни зборува и тоа дека се обучени да бидат водичи за слепите лица и полициски кучиња.

Доберман: Покрај тоа што се најдобрите кучиња чувари, доберманите се и многу интелигентни. Иако често се смета дека тие се агресивни, тоа не е секогаш случај. Од сопственикот зависи во која насока ќе го изгради ликот на ова прекрасно куче. Доберманите, како и сите други кучиња, сакаат да играат, сакаат друштво и се весели. Посветете им многу внимание и ќе имате паметно куче чувар, кое ќе ве сака до смрт.