Здрава храна
Сардините се исклучително хранливи и може да се сметаат за суперхрана поради нивната висока содржина на омега-3 масни киселини, протеини, витамин Д и други важни хранливи материи.
Експертот за медицина против стареење Висинте Мера ги вклучи во својата листа на најдобри намирници за забавување на процесот на стареење. Дополнително, други експерти укажаа на други предности што ги нуди овој вид риба.
Еден од најкорисните аспекти на сардините е поврзан со начинот на кој тие ги подобруваат функцијата на мозокот и нашето расположение. Сардините се богати со витамин Б12, кој помага во балансирање на нервниот систем.
– Сардините обезбедуваат есенцијални хранливи материи за мозокот и влијаат на синтезата на невротрансмитери што се неопходни за одржување добро расположение и нормални интелектуални функции – објаснува д-р Мар Мира за „Вог“.
Фармацевтката Тереза Климент тврди дека маслата во рибите како сардината може да го спречат опаѓањето на косата.
Слично на тоа, експертката за убавина и здравје Клаудија ди Паоло вели дека избира мрсна риба како сардина за да спречи опаѓање на косата благодарение на нејзините високи нивоа на протеини, витамин Б12 и омега-3 киселини.
Професорот и доктор по биохемија и молекуларна биологија Оскар Лоренцо наведува дека витаминот Д учествува во повеќе од 200 функции на телото што влијаат на голем број различни области, вклучувајќи го и регулирањето на таканаречените хормони на среќата.
– Недостигот од витамин Д е исто така поврзан со зголемен ризик од кардиоваскуларни проблеми и одредени кожни заболувања – вели тој.