Здрава храна
Тиквата е еден од најконцентрираните извори на алфа-линоленска киселина, есенцијална омега-3 масна киселина што е многу добра за здравјето на срцето. Медот од тиква се смета за ефикасен за ублажување болести на црниот дроб и бубрезите, за исфрлање камења од жолчката, за лекување на уринарните патишта, но и за силна и сува кашлица. Оние што страдаат од запек можат да користат мед од тиква, бидејќи содржи влакна, но и каротин и многу витамини. Се смета дека помага во борбата против зголемен холестерол и атеросклероза. Употребата на мед од тиква се препорачува и против дебелина.
За да го приготвите овој мед, потребна ви е една зрела жолта тиква. Сè што е потребно е да се отсече горниот дел и да се извади внатрешноста (семиња и влакна). Во големиот отвор што се добива треба да истурите шеќер, каков било вид, по ваша желба. Пресечениот врв се поклопува одозгора и се остава десет дена на ладно место. Тиквата е најдобро да ја ставите во поголем сад, бидејќи со текот на времето ќе омекне и тешко ќе ја преместите. За тоа време, шеќерот ќе се раствори во сокот од тиквата. Штом ќе се раствори шеќерот, отстранете го капакот и истурете ја добиената течност во стаклен сад. Ако случајно се фатила мувла на капакот на тиквата, не треба да се грижите. Во тој случај направете дупка на дното на тиквата и низ неа истурете го медот во садот.
А како ќе го искористите овој мед е ваш избор. Можете да засладите чај со него, можете да го консумирате самостојно два-три пати на ден, по две-три лажици, можете да го користите како прелив за палачинки или да измислите своја варијанта, сѐ зависи од вашата фантазија. Консумирајте го онолку долго колку што сакате. Доколку не е доволно, можете веднаш да приготвите поголемо количество од две-три тикви.