Техно
Водечката серија Х100 на „Виво“ сега е достапна на глобално ниво, но цените допрва треба да бидат објавени.
Х100 и Х100 про дебитираа во Кина во ноември со многу сличен хардвер. Двата уреда се напојуваат со процесорот Дајменсити 9300, имаат 6,78-инчни 8 ЛТПО АМОЛЕД екран, со резолуција од 1.260п и променливи стапки на освежување од 1-120 херци. Максималната осветленост на панелите е 3.000 нити и тие нудат затемнување ПВМ од 2.160 херци за заштита на очите. Сензорот за отпечаток е интегриран во споменатиот екран, додека има и камера за самослик од 32 мегапиксели.
Исто така, двата уреда се водоотпорни според стандардот ИП68 и доаѓаат со оперативниот систем Андроид 14, над кој е фантач ОС 14 на „Виво“. Тие доаѓаат во две бои, стартреил сина и астероид црна.
Х100 про се издвојува по системот на камера, има главен 50 мегапиксели 1-инчен сензор ИМХ989, како и уникатна „лебдечка“ перископска камера со леќа од 100 мм ф/2,57 пред 50 мегапиксели 1/2,0- инчен сензор. Тоа е првиот мобилен зум што има сертификат Zeiss APO. Има и ултраширока камера од 50 мегапиксели од 15 мм, а про исто така го користи најновиот 6нм V3 чип за обработка на фотографии на „Виво“.
Моделот про се напојува со поголема батерија, со капацитет од 5.400 милиампер-часа, која поддржува 100 вати жично и 50 вати безжично полнење, додека „обичниот“ Х100 има батерија со капацитет од 5.000 милиампер-часа, со поддршка за жично полнење од 120 вати и малку „полоша“ камера. Широката камера од 50 мегапиксели доаѓа со сензор од 1/1,49 инчи, а има и камера со зум од 64 мегапиксели од 70 мм ф/2,6 со сензор од 1/2,0 инчи, како и истата ултраширока камера од 15 мм. Меѓутоа, Х100 е опремен со постар V2 чип за обработка на фотографии.