Фото: Пиксабеј

Техно

Њујоршкиот весник ги тужи „Опен АИ“ и „Мајкрософт“, тврдејќи дека користат милиони написи на „Тајмс“ без дозвола за да обучуваат четботови што ќе им даваат информации на корисниците. Весникот ги обвинува дека во неколку случаи четботовите им обезбедувале на корисниците речиси буквални делови од нивните авторски написи
Калифорниската компанија „Опен АИ“ побара од американскиот федерален суд да ги отфрли обвинувањата за незаконско користење авторски права поднесени против неа. Тие тврдат дека весникот ги хакирал ЧетГПТ и другите системи за вештачка интелигенција за да генерира лажни докази со кои е поткрепен случајот. Компанијата во одговорот до Федералниот суд во Њујорк посочи дека „Њујорк тајмс“ „ја поттикнал технологијата да го репродуцира својот материјал преку погрешни инструкции што јасно ги прекршуваат условите за користење на технологијата на ’Опен АИ’“.
„Њујорк тајмс“ наведе групи на автори, визуелни уметници и музички издавачи, како и неколку други сопственици на авторски права, кои ги тужеле американските технолошки компании за наводна злоупотреба на нивната работа во обуката за вештачка интелигенција.
Гореспоменатите технолошки компании нагласија дека тие тужби „го загрозуваат развојот на индустријата што потенцијално вреди неколку илјади милијарди долари“.