Нега и убавина
Во последно време сведоци сме дека сѐ повеќе жени имаат проблем со косата, без разлика дали станува збор за опаѓање или иритација на скалпот. И, како по некое правило, сите почнуваат да ја менуваат својата рутина, а првото нешто што го менуваат е бојата на косата. Зашто, да бидеме реални, денес ретко има жена што не си ја бојосува косата. Ви препорачуваме да пробате природна боја за коса, која лесно можете да ја направите сами дома. Но таа не е за сите нијанси, туку главно за бринетите.
Значи, имате светлокафена боја на коса, забележувате дека се појавиле седи влакна, а не сакате да ја бојосувате косата или сакате да пробате природен производ, без хемикалии?
Лукот може да ви помогне. Измешајте здробена дабова кора со лушпи од лук и ќе добиете сосема природна и трајна боја за косата. Имено, сѐ што треба да направите е да измешате две-три лажици исушена дабова кора здробена во прав со една-две лажици издробени лушпи од лук, а потоа да додадете чаша врела вода. Кога добро ќе ја измешате, нанесете на косата и оставете да дејствува најмалку три часа. Ќе ви ја покрие седата коса, но ќе мора почесто да ја нанесувате. Сепак, со оглед на тоа што е 100 проценти природна, трудот вреди, а вашата коса ќе ви биде благодарна што не ја третирате со штетни хемикалии.