Медицински совет
Отекувањето на нозете е проблем што мачи огромен број жени. Тоа е непријатен симптом, кој создава и естетски проблеми: омилените чевли стануваат претесни, а претходно тенките нозе веќе не се такви. Отекување на нозете може да се појави откако претходниот ден сте консумирале премногу солена храна. Но, ако вашите стапала постојано отекуваат, треба сериозно да се занимавате со тоа.
Нозете може да отекуваат поради намалено количество протеини во крвта. Тоа се должи на нутритивните фактори, начинот на варење на протеините или голема загуба на протеини преку бубрезите. Потоа поради зголемена капиларна пропустливост, што може да биде предизвикано од алергиска или посттрауматска реакција, воспаление. Третата причина е зголемување на хидростатичкиот притисок во капиларите, поради што течноста се исцедува.
Некои луѓе веруваат дека отокот се јавува само затоа што поминуваат премногу време на нозе и седат цело време. Навистина, во овој случај крвта стагнира во нозете, што придонесува за формирање едем, но тоа не е единствената причина.
Издвојуваме некои препораки што ќе ви помогнат да го намалите отокот. Исклучете ја претерано мрсната и солена храна од вашата исхрана и намалете го внесувањето алкохолни пијалаци. За да го подобрите протокот на крв во вашите нозе, искористете ја секоја шанса да ги одморите. Легнете со стапалата подигнати над нивото на колкот. Наизменично туширајте ги стапалата и потколениците со топла и ладна вода пет минути.
Практикувајте едноставни вежби што ќе спречат отекување на нозете. Ако треба да стоите долго, повремено кренете се на прсти. Повторувајте го тоа по десет пати на секои два часа. Тоа ќе ја подобри циркулацијата на крвта.