ФОТО:Пиксабеј

Медицински совет

Оралната хигиена не подразбира само редовно четкање на забите и повремени посети на стоматолог. Имено, постојат низа правила што треба да ги следите за да го зачувате здравјето на забите. Така, стоматологот Шерон Хуанг советува што никогаш не треба да им правите на забите за да ги одржите силни и здрави. Таа наведува дека здравјето на забите не може да се мери со нивната белина и дека мора повеќе да внимаваме на оралната хигиена.
Никогаш не прескокнувајте го чистењето со конец: Стоматологот Хуанг вели дека некористењето забен конец е исто како да се туширате без сапун. Невозможно е да се ослободите од бактериите без конец бидејќи со текот на времето овие бактерии се развиваат во воспаление што дава лош здив, но може да ги нападне и другите органи во телото.
Никогаш не пијте газирани пијалаци без сламка: Газираните пијалаци се многу корозивни за нашите заби и ја оштетуваат забната глеѓ. Хуанг наведува дека газираните пијалаци секогаш треба да ги пиеме преку сламка и веднаш потоа да исплакнеме со вода за да ја неутрализираме пеха-вредноста.
Никогаш не користете трикови за избелување: Многу луѓе мислат дека им требаат скапи комплети за белење заби и отстранување дамки, но овие производи можеби нема да функционираат толку добро како што луѓето се надеваат, па дури и може да предизвикаат штета. Исто така, многу пасти за избелување имаат абразивни состојки што ги чистат дамките, но ја отстрануваат глеѓта.
Не користете апарати што не се препорачани од стоматолозите: Никогаш не треба да користите апарати за исправување на забите без претходна консултација и преглед од стоматолог. Во некои случаи, пациентите што користеле порамнувачи дома може да изгубат коска или да им е потребно вадење заб.
Никогаш не мијте ги забите веднаш по јадење: Изненадувачки, забите се меки и миењето заби веднаш по јадење може да ја уништи глеѓта. Откако ќе јадете, пеха-вредноста во устата опаѓа бидејќи ензимите го започнале процесот на варење. Овој процес трае околу 30 минути, по што можете да ги измиете забите.