Медицински совет
Иако изгледа безопасно, егземата е многу непријатна појава, која е сѐ почеста кај луѓето. Се препорачува да направите тест за можни алергени што можат да ја предизвикаат и потоа да ги отстраните од секојдневна употреба. Меѓутоа, понекогаш и тоа не е доволно. Еден од најважните начини да се ослободите од егземата е зајакнување на имунитетот и намалување на воспалението во телото, но и колку што е можно да се намали нивото на стрес.
Една од најважните препораки што ќе ви помогнат во овој процес е регулирањето на тежината. Она што е исклучително важно е дека тоа не се однесува само на лицата што се сметаат за дебели туку и на лицата чија тежина е под дозволениот просек. Треба да се храните поздраво, а тоа значи да ги исфрлите индустриските производи и високопреработената храна, како што се конзервираното месо и слатки од вашата дневна консумација и да го намалите внесувањето мрсна и пржена храна. За да се ослободите од егземата, треба да избегнувате и глутен, што значи избегнување пченица, јачмен и ’рж.
Ќе морате да го исфрлите и млекото од исхраната, а тоа важи и за другите млечни производи, бидејќи млекото има висок потенцијал за алергиски реакции поради лактозата и казеинот. Исклучок се киселите млечни производи како кефир, кои можете да ги користите.
Се препорачува внесување омега 3 масни киселини, а тука спаѓаат јаткастите плодови и разните семки (лен, сусам, чиа и сл.) и рибата, бидејќи тие содржат таканаречени здрави масти. И на крајот, внесете повеќе овошје и зеленчук во вашето тело за да ви се зајакне имунитетот. Се препорачува да се јадат бобинки и зелен лиснат зеленчук, а да се избегнува кисела храна како лимони и домати.