Претстaвата „Добри луѓе“, во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“, се одигра во Велешкиот театар.
„Добри луѓе“ ги испитува емоционалните последици од справувањето со огромната климатска криза и тешките одлуки што секојдневно мораме да ги донесуваме како поединци и како општество. Се поставува и прашањето дали сме добри луѓе и дали воопшто можеме да бидеме добри луѓе во ваков анксиозен и пластичен свет, исполнет со глобална вознемиреност, лоши навики, тероризам, непостојани временски услови и политички немири.
Претставата е дуодрама работена според текст на Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од „Д релејшн ворк проект“ (1976-1980) на Марина Абрамовиќ и Улај.
Играат младите актери Тијана Трајчевска и Филип Христовски од Велес, музиката е на Ива Дамјановски и Виктор Танасковски, фотографиите се на Данчо Стефков, а извршен продуцент на претставата е Бобан Алексоски.
Следната изведба на оваа претстава е на 11 март во „Театар комедија“ во Скопје.