Романот „Небото“ од финската писателка Пиа Лејно неодамна беше објавен на македонски јазик од издавачката куќа „Артконект“, во рамките на проектот „Пораки на надеж: инспиративна европска литература“, со поддршка од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Преводот на македонски е на Владимир Јанковски.
„Небото“ жанровски може да се определи како научна фантастика, односно како негативна дистопија, бидејќи дејството се одвива во 2058 година во Хелсинки.
Романот отвора низа прашања за тоа во кој правец се движи денешното општество и кои се приоритетите на современиот човек. Во него се анализираат неколку феномени на нашето време и се предвидува што може да се случи со нив во иднина. Не се третираат само политички теми туку исто така се разгледува и психолошката димензија на луѓето. Преку гласните ликови авторката зборува за родот, за проблемите околу тоа како се доживуваме себеси, за игрите на моќ меѓу луѓето. За оваа книга Пиа Лејно ги добива финската награда „Маилман лаита“ (2016) и Наградата за литература на Европската Унија (2019).
Пиа Лејно (1977) е финска авторка што живее и работи во Хелсинки. Студирала креативно пишување, а денес работи како новинарка и писателка. Авторка е на четири романи. „Небото“ е нејзиниот најуспешен роман, преведен на петнаесетина јазици.