Уапсен е мажот осомничен за кражба на инсталација на уличниот уметник Бенкси, соопшти лондонската полиција. Инсталацијата, задолжителен знак за стоп покриен со три летала слични на дронови, беше објавена на профилите на социјалните мрежи на Бенкси. Очевидци потврдија дека уметничкото дело поставено во лондонскиот кварт Пекам било отстрането помалку од еден час откако било потврдено дека е автентично дело на Бенкси.
Оттогаш знакот за застанување е заменет со друг, за да се избегне загрозување на учесниците во сообраќајот, како што изјави полицијата. Дваесет и шестгодишниот маж, кој изјавил дека се вика Алекс, го гледал отстранувањето на уметничкото дело и рекол дека минувачите „во страв го гледале човекот што го удирал со раце“.
– Таму имаше околу две лица кога дојдов. Сите му се восхитувавме на делото и го фотографиравме. Потоа дојде тој човек и го зграпчи, со страв гледавме како го удира – опишал тој.
Бански е познат британски уличен уметник, а зголемениот број негови богати следбеници и колекционери, како и мистериозноста околу неговиот идентитет, прави неговите дела да бидат неверојатно барани. Тој е познат и по тоа што ја критикуваше политиката на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со мигрантите, како и политичката состојба во Франција, преку шесте мурали насликани во Париз по повод Светскиот ден на бегалците пред некоја година. Познат е неговиот мурал на кој е прикажано девојче како прецртува нацистичка свастика (ја критикува политиката на француските власти за мигрантите). Друг мурал претставува верзија на Бенкси на познатата уметничка слика „Наполеон ги преминува Алпите“ (го симболизира начинот на кој Макрон ја води државата), додека на трет мурал е насликан маж како му дава коска на куче без една шепа (укажува на начинот на кој политичарите го мамат народот). На голем број негови дела се прикажани стаорци, кои ја симболизираат работничката класа.