Во објект на Националната галерија, импозантниот „Чифте-амам“, публиката може да погледне во простор повеќе од 50 дела од истакнати македонски и балкански автори што твореле инспирирани од животот во Македонија во едни други поинакви времиња. Оваа изложба е проект што претставува своевидна синергија помеѓу етнологијата и ликовната уметност, толкувајќи ги и разработувајќи ги етнографските елементи во овие уметнички дела создадени кон крајот на 19 и првата половина на 20 век. Вкупно 52 дела од колекцијата на галеријата ќе бидат изложени, некои од нив не многу познати и изложувани пред пошироката јавност.
Самиот објект дава една друга димензија, ќе придонесе самите дела ги почувствувате автентично и да ви доближи едно друго време.
Поради набиениот календар на Националната галерија, изложбата ќе трае помалку од три недели, затоа искористете ги убавите пролетни денови и посетете ги „Чифте-амам“ и изложбата „Етнографија“…
Изложбата „Етнoграфија во делата од колекцијата на Националната галерија“ е дело на Александар Ристевски, кој работи во Националната галерија на Македонија од 2010 година, прво во Одделението за маркетинг и дизајн, а подоцна како кустос-етнолог во Одделението за депо и документација при самата Национална галерија. Соработник за изложбата и автор на текст во каталогот е и Владимир Таневски, кустос во Одделението за депо и документација во Националната галерија.































