Фото: Маја Јаневска-Илиева

Литературно катче

Кога првпат ве видов
ми личевте на шумски срнчиња
кои нечујно газеа по ливада
со безброј шарени цветчиња.

Кога првпат ве видов
фатени рака за рака
ми личевте на венец
сплетен од црвени булки.
Кога првпат ве видов
ми личевте на сребрени капки
полиени врз листот на ирис
што блескаа на утринското
сонце.

Кога првпат ве чув
вашиот треперлив глас
и погледот со прикриен страв,
ја открив вашата невина душа.

Кога ве видов сите
што го поминавте тивко
училишниот праг,
тој прекрасен
момент
за мене беше
најдраг.

Ванчо
Шенковски,
наставник во
пензија од
Берово