(На Блаже Конески)

Беше речит,
остана вечит…
Со црква,
ѕидје – снегово,
белокамено,
наоколу,
ридје – брегово,
бигоркамено,
беше,
селото негово,
Небрегово…


ЗА АВТОРОТ

Милутин Бебекоски (1941 – 2014 г.) беше писател за деца и за возрасни. Роден е во Вевчани, а по завршување на средното образование се вработува како службеник. По издадени неколку литературни дела, во 1973 година станува член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на книгите за деца: „Нишалка под виножито“ (1966), „Ѕвездена труба“ (1970), „Копче од ѕвезда“ (1972), „Возот на детството“ (1973), „Воденици“ (1978), „Долетај на дланка“ (1986), „Тапијата на дедо Гаврил“ (1990), „Суво поле“ (1988),„Градината на дедо Гаврил“ (1998).
Добитник е на наградата РТВ-Скопје и Гоцева повелба, на културната манифестација „Гоцеви Денови“ 2012 – Подгорци.