Регионот Пекинг – Тианџин – Хебеи прави крупни чекори во интегрираниот развој. Десет години по интегрираната развојна иницијатива Пекинг – Тианџин – Хебеи надградена во национална стратегија, регионот станува сведок на импресивен напредок во постигнувањето подобра интеграција и рамномерен развој
Пример од Кина за решавање на регионалните внатрешни економски нерамнотежи
Лансирана во 2014 година, националната стратегијата имаше цел да ги реши регионалните нерамнотежи и да го отклучи колективниот потенцијал на трите споменати региони.
Централната влада, заедно со надлежните ресори, доследно ја спроведуваше стратегијата преку конкретни акции и политики за поддршка во различни сектори, како индустријата и образованието, изјави претставник на Националната комисија за развој и реформи на прес-конференција во вторникот на која беа презентирани досегашните постигнувања.
Еден од водечките проекти, „Шјионган њу ерија“ во провинцијата Хебеи, сега влегува во клучна фаза каде што напредува изградбата од големи размери заедно со преместувањето на некапиталните функции од Пекинг.
Во меѓувреме, урбаниот потцентар на Пекинг во округот Тонгжу – цвета. Над 70 општински одделенија и речиси 30.000 вработени се преселиле, придонесувајќи за развојот на имиџот на Тонгжу како енергична урбана централа. Новите атракции како Универзалното одморалиште во Пекинг и културните центри како Уметничкиот центар во Пекинг дополнително ја зголемуваат привлечноста на областа и го подобруваат квалитетот на животот на неговите жители.
Економскиот развој во целиот регион, исто така, покажа позитивни знаци. Новата област Тијанџин Бинхаи беше сведок на силен раст. Пропусната моќ на контејнерите на пристаништето Тијанџин во 2023 година надмина 22 милиони ТЕУ, што е значително зголемување од 58 проценти во споредба со 2014 година.
Соработката меѓу бизнисите во различни области, исто така, се зајакнува, како што е потврдено од над 10.000 филијали на компаниите „Жонгуанкун“ основани во Тијанџин и Хебеи. Оваа соработка го олесни протокот на технолошки договори што надминуваат 280 милијарди јуани (38,9 милијарди долари) од Пекинг до овие два региона.
Стратегијата исто така даде приоритет на административната рационализација. Во тек се напори да се урнат различните бариери што ја попречуваат соработката, при што Пекинг, Тијанџин и Хебеи ја имплементираат првата серија од 165 меѓусебни сертификати на квалификации, што означува поедноставни административни процеси.
Во Македонија, регионалниот рамномерен развој од осамостојувањето бил енигма. Со нерамномерниот развој мака мачат до денес и локалните и централните власти. Токму кинеската формула (план, подготовка имплементација, мобилизација на ресурси итн.) е начин да се исцрпат извонредни искуства и истите тие да се ползуваат во нашата земја.