Нега и убавина
Во денешниот свет сите се стремиме кон беспрекорен изглед. Но жените многу добро знаат дека тоа не е можно секојпат. Понекогаш е навистина тешко да се организирате за да изгледа сѐ совршено. Тогаш најчесто страда изгледот, но со овие трикови секоја жена може да го постигне изгледот што го сака.
Лажица и темни подочници: Станавте брзајќи на работа, но очите ви се уморни и отечени, а темните подочници изгледаат како да имаат свој живот. Сè што треба да направите е едноставно да ставите две лажици во фрижидер или замрзнувач и да ги оставите да се изладат колку што е можно повеќе, а потоа држете ги до очите. Проблемот ќе се реши за кратко време.
Пилинг за усни: Ако сакате вашите усни секогаш да бидат негувани и подготвени за бакнежи, направете свој пилинг за усни. Додадете малку шеќер во мед и додадете неколку капки маслиново масло, добро измешајте и втријте ја смесата во усните.
Аспирин за петици: Ако ви пречи испуканата и груба кожа на петиците, само здробете пет аспирини, измешајте ги со малку свежо исцеден сок од лимон и добиената смеса втријте ја во петиците. И проблемот наскоро треба да исчезне!
Експресно сушење на лакот за нокти: Ако ви се брза и сте ги лакирале ноктите, исушете ги така што ќе ги потопите во сад со ледена вода. Тие ќе бидат суви за помалку од една минута.
Избелете ги ноктите со паста: Земете паста за избелување на забите и нанесете ја на вашите нокти. Оставете да дејствува пет минути. Кога ќе ја измиете, вашите нокти ќе бидат посветли и совршени.