Еве како на забавен начин да ги проверите вашите познавања, а наедно и да дознаете некои интересни факти за кои не сте слушнале досега. Ви даваме три можни одговори, од кои само еден е вистинскиот, а вие треба да го одберете и да го заокружите
Кој е најголемиот остров на Земјата?
а) Нова Гвинеја
б) Гренланд
в) Мадагаскар
г) Суматра
2. По што го добила името „кока-кола“?
а) по митолошки поим
б) по домашно животно
в) по име на дрога
г) по иницијалите на производителот
3. Која единица ја означува силата на Земјината тежа?
а) килограм
б) њутн
в) паскал
г) ват
4. Колку кубни милиметри има 1 кубен метар?
а) 1.000
б) 1.000.000
в) 1.000.000.000
г) 100.000
5. Што е резус-фактор?
а) елемент што ја одредува крвната група
б) антиген во црвените крвни зрнца на човекот
в) основен фактор на наследување
6. Што е тундра?
а) монсунски период од годината
б) екваторијална океанска струја
в) предел со сиромашна вегетација
7. Што се ензими?
а) вид протеини што го поттикнуваат варењето
б) елементи во крвта што се борат против причинителите на болестите
в) вид хормони во човековиот организам
8. Како се вика честичката на атомот носител на негативно наелектризирање?
а) протон
б) неутрон
в) јон
г) електрон
9. Светлосна година е единица за:
а) време
б) растојание
в) брзина
г) забрзување
10. Аја Софија е:
а) црква во Истанбул
б) познато филозофско дело
в) некогашна холивудска глумица
11. Кој стар народ имал најточен календар?
а) Маите
б) Ацтеките
в) Старите Кинези
Ако имате најмалку 5 точни одговори, имате добри познавања, ако сте заокружиле 9, ние ве оценуваме со петка, а ако имате 11 точни одговори, заслужувате 5+.
Одговори: Гренланд; по име на дрога; њутн; 1.000.000.000; антиген во црвените крвни зрнца на човекот; предел сиромашен со вегетација; вид протеини што го поттикнуваат варењето; електрон; растојание; црква во Истанбул; Маите